„Паркови и зеленило“: Невремето собори 119 дрвја

Од последиците на силното вчерашно невреме на скопското подрачје паднале 119 дрвја во кои не се пресметани и оние од Градскиот парк, соопшти денеска ЈП „Паркови и зеленило“.

Во ова градско претпријатие пристигнале 77 пријави за проблеми на различни локации.

Од претпријатието соопштија дека интервенирале со ангажирање на 100 работници и механизација од 7 камиони и 2 платформи. Екипите работеле до 2 часот наутро при што биле расчистени 34 локации со паднати дрвја и 17 паднати големи гранки.

-Од утрово на терен се присутни работниците од Секторите:Дрвореди, Градско зеленило, Вонградско зеленило и Механизација кои работат на повеќе локации се до целосно расчистување и нормализирање на градот. Моментално се работи во Чаир, Топанско поле, Карпош, Партизанска, Аеродром , кај Собрание на Град Скопје и продолжуваме понатаму каде има потреба од наша интервенција. Пријави за паднати дрвја добиваме и во текот на денешниот ден така што нашите екипи се организираат и работат по приоритет се до расчитување на сите локации, соопштија од „Паркови и зеленило“.

Претходна вестНа доградените покриви не им доаѓа умот, пак паѓаа кога силно дуваше во Скопје
Следна вестРегистрирани 222 нови случаи на Ковид – 19, починаа осум лица