Регистрирани 222 нови случаи на Ковид – 19, починаа осум лица

Во последните 24 часа направени се 954 тестови, а регистрирани се 222 нови случаи на Ковид -19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 113, Куманово и Кавадарци – по 14, Битола – 13, Прилеп – 12, Велес – 7, Охрид и Штип – по 6, Струмица, Кочани и Кратово – по 4, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Ресен и Свети Николе – по 2, Струга, Дебар, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (222), регистрирана е 41 реинфекција. Регистрирани се 268 оздравени пациенти.

-Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица, од Скопје (79г) и Кичево (83г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 6 починати лица, две лица од Битола и по едно лице од Кочани, Крива Паланка, Скопје и Радовиш. Починатите се на возраст од 66 – 83 години. Од починатите лица три се починати во болнички услови и три во домашни услови. Лицата се починати во период од 11.08. до 28.08.2022 година, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.341, бројот на оздравени пациенти е 329.192, на починати е 9.489, а бројот на активни случаи изнесува 1.660.

Претходна вест„Паркови и зеленило“: Невремето собори 119 дрвја
Следна вестОд предвидените 53 инспектори Државниот инспекторат за животна средина има само 21