Во Скопје казнети 230 возачи, 10 не користеле сигурносен појас

Во полициска сообраќајна контрола на територијата на Скопје вчера биле изречени 230 казни, меѓу кои и 10 за некористење на сигурносен појас, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 68 санкции за возење со брзина поголема од  дозволената, 19 за возење без возачка дозвола и 30 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

-Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, 10 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење мобилен телефон…, соопшти МВР.

Министерството укажува дека ќе продолжат засилените акциски контроли и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестПочнува саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, Македонија со педесетина излагачи
Следна вестЗошто Михаел Рот мисли дека во Македонија има разочараност од ЕУ?