Артан Груби во контрола дали се штеди струја: Синоќа имаше светло само на претпоследниот кат на Министерството за екологија

Обиколка на неколку државни институции синоќа направи првиот вицепремиер Артан Груби со цел да види дали се почитувата мерките за штедење на електричната енергија. Тој денеска изјави дека синоќа поминал покрај неколку министерства и државни институции за да види дали се исклучени осветлувањата согласно препораките на Владата. Единствено имало запалено во зградата каде што е во Министерството за екологија, но министерот Насер Нуредини веднаш реагирал

-Синоќа јас намерно поминав и покрај Собрание и покрај Влада и МНР и Министерство за политички систем, како и зградата каде е Службата за општи и заеднички служби, каде се и Секретаријатот за европски прашања и Министерството за екологија, финансиската полиција и неколку други институции. Имаше светла само на претпоследниот кат на надворешната фасада и веднаш му се јавив на министерот Нуредини и постапи и ги исклучи. Ве повикувам за секој таков пример што ќе го видите да ни кажете и ќе реагираме веднаш“, рече Груби.

Во ова скопска општина денеска се пушташе во употреба водоводната мрежа. Новинарите го прашаа Груби дали во време на штедење додека тој и останатите присутни даваат изјави треба да им работат автомобилите.

-Не знам кои автомобили работат, не сум возач, но секако дека не треба да работат. Сметам дека сите граѓани, посебно институциите и челниците на институциите треба да бидат пример за штедење и на електрична енергија и на сите државни ресурси. Ве повикувам секојдневно да ги проверувате сите институции за тоа кои мерки за штедење ги применуваат согласно одлуките на владата. Се соочуваме со многу тешка зима, не само ние туку целиот наш континент и затоа апелирам прво ние да бидеме пример, но и граѓаните да штедат максимално електрична енергија, изјави Груби.

Во однос на обвинувањата на опозициската ВМРО ДПМНЕ дека се трошат по 100 илјади евра на дена за саемот на вино во рамките на отоврен балкан каде нема ниту национлна ознака за Груби рече дека патувањето до таму не е голем трошок бидејќи е блиску, но и дека не се заминати голем број на министри. Исто така, потенцираше и дека тоа е настан од огромно значење бидејќи се организира Саемот за вино и истовремено се потпишуваат многу важни договори и меморандуми во рамки на Отворен Балкан.

 

Претходна вестОд понеделник почнува да вози „2Б“ од Сарај до Ченто
Следна вестСончево со мала облачност, попладне локален пороен дожд и ветер