ВМРО ДПМНЕ открива нов скандал за вработување на, како што велат, партиска функционерка на СДСМ во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
– Емилија Костурски се вработува во АЕК за плата од 55.000 денари, на место соработник за информатички технологии, а доаѓа од позиција долгогодишен наставник во средното медицинско училиште во Битола. Антимакедонската СДС мора да објасни како Агенцијата за администрација оценува дека 56 годишната наставничка од медицинско училиште во Битола е посоодветна за позиција соработник за информатички технологии во АЕК, е посоодветна од 35 годишник со завршени информатички студии, којшто исто така конкурирал на огласот? – вели партискиот портпарол Наум Стоилковски.
Од ВМРО ДПМНЕ бараат одговор од владејачката партија и за тоа дали зад максималниот број на поени за работа во АЕК и петте поени разлика од кандидатот информатичар, пресуден бил фактот што Костурски е член на Централниот одбор на СДСМ и заменичка на екс-градоначалничката на Битола?