Хакери ја нападнаа веб страната на Министерството за образование

Веб страницата на Министерството за образование од изутрината е недостапна за користење заради хакерски напад.

На почетната страна на министерството стоеше фотографија со потпис „Њуачерс“ односно во оригинална форма „Netwatchers“, а хакерите според потписот се од Грција. Подолу, сите објавени линкови од министерството водеа до видео на каналот Јутјуб со наслов „Позната Македонија“.

Подоцна насловната беше отстранета, а страницата остана недостапна.  Министерството за образование и наука во одговор за МКД.мк велат дека хакерскиот напад не нанел никаква штета бидејќи „на веб страната не постојат заднински бази на податоци, односно таа има само информативен карактер“.

МВР работи на случајот за расветлување.

Претходна вестТрагедија во Хрватска: Најмалку тројца загинати во судир на патнички и товарен воз
Следна вестСтоилкоски: Функционерка од СДСМ вработена во АЕК со плата од 55 000 денари