Стоилкоски: Функционерка од СДСМ вработена во АЕК со плата од 55 000 денари

ВМРО ДПМНЕ открива нов скандал за вработување на, како што велат, партиска функционерка на СДСМ во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

– Емилија Костурски се вработува во АЕК за плата од 55.000 денари, на место соработник за информатички технологии, а доаѓа од позиција долгогодишен наставник во средното медицинско училиште во Битола. Антимакедонската СДС мора да објасни како Агенцијата за администрација оценува дека 56 годишната наставничка од медицинско училиште во Битола е посоодветна за позиција соработник за информатички технологии во АЕК, е посоодветна од 35 годишник со завршени информатички студии, којшто исто така конкурирал на огласот? – вели партискиот портпарол Наум Стоилковски.

Од ВМРО ДПМНЕ бараат одговор од владејачката партија и за тоа дали зад максималниот број на поени за работа во АЕК и петте поени разлика од кандидатот информатичар, пресуден бил фактот што Костурски е член на Централниот одбор на СДСМ и заменичка на екс-градоначалничката на Битола?

Претходна вестХакери ја нападнаа веб страната на Министерството за образование
Следна вестКако Пендаровски одлучи Белевски и Руси – Поповска да станат амбасадори во Белгија и Бугарија?