Санкционирани 149 возачи во Скопје, 20 возеле без возачка дозвола

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 149 мерки, меѓу кои и 20 мерки за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 31 санкција и две мерки за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се и 10 мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, шест санкции за користење мобилен телефон, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат, соопшти МВР.

Претходна вестСончево и топло со температури до 31 степен
Следна вестЏафери ја отфрли иницијативата за Референдум, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е кукавички и неуставен потег