Македонски државјанин е уапсен во Црна Гора откако е осомничен дека извршил кражба во маркет во градот Бар.
Полициската управа од Бар соопшти дека А.К.(46) од Македонија е уапсен под сомнение дека украл пари од маркет во населбата Добра вода.
-Од слобода е лишен А.К.(46) од Република С. Македонија, кој, како што се сомнева, на 19 септември околу 15,00 часот влегол во внатрешноста на еден маркет во населбата Добра вода во Бар при што украл одредена сума пари од касата, се наведува во соопштението на полицијата.
Од таму додаваат дека А.К. уапсен по наредба на обвинител.