Нови 55 случаи на корона вирус, 447 активни случаи

Министерството за здравство информира дека во изминатово деноноќие направени се 644 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на Ковид -19. Од нив во Скопје се 38, Битола– 6, Куманово– 5 , Прилеп– 3, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 15 реинфекции, а имаше и 55 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.263, бројот на оздравени пациенти е 333.274, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.

Претходна вестСрбија, Унгарија и Австрија ставаат рампа за влез на мигранти од Македонија
Следна вестМицкоски повика на масовен протест против бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“