СВР Струмица поднесе кривична пријава против С. В. (48) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.
Пријавениот, во периодот од мај до јули 2020 година, во повеќе наврати зел трговска стока од правното лице од с. Бориево и се потпишувал на фактури и испратници претставувајќи се како вработен во правно лице од Скопје.
На тој начин ги довел во заблуда и стекнал противправна имотна корист во износ од 366.641 денар.