Владата го доби Извештајот на Европската комисија

На средба во Владата денеска амбасадорот на Европската Унија – Дејвид Гир го предаде Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2022 година, на премиерот Димитар Ковачевски.

На состанокот на кој се дискутираше за Извештајот и очекувањата за текот на евроинтеграцискиот процес на државата и нејзината подготвеност, присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Премиерот Ковачевски на состанокот истакна благодарност до Европската Унија за препознатиот напредок на земјата во повеќе области и посочи дека ќе следи детална анализа на Извештајот со која ќе се утврдат областите на кои ќе треба поинтензивно да работиме.

Премиерот Ковачевски истакна декa Македонија останува со силна заложба за спроведување на реформските процеси и целосно усогласување на домашното со европското законодавство.

Претходна вестПритворен жител на виничко, силувал малолетничка
Следна вестИзмамник лажно потпишувал фактури и испратници, оштетил фирма за 6.000 евра