Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера регистрираше земјотрес 135 км југо-источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.
Земјотресот беше почувствуван од населението во Богданци, Гевгелија и околината.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 56 минути со Рихтерова локална магнитуда МЛ2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.