Какво време дојде во Скопје да ти е страв да почнат реконструкција на улица

Нема недела, а скопскиот или општинските градоначалници да не најават реконструкција на некоја од улиците полна со дупки или лоши тротоари. Едноставно, се објавуваат „градежни офанзиви“, а како понатаму таа се одвива малку се кажува.

И така, во Скопје веќе се „собираат“ повеќе улици чијашто обнова никако да заврши. На реконструкцијата на улицата „Васил Карангелески“ во Аеродром, продолжувањето на улицата “Есенинова“ во Кисела Вода не им се гледа крајот иако се започнати одамна, а сега на оваа листа треба да се додаде и улицата „Козара“ во Центар.

Работите на оваа улица започнаа уште во јули годинава, беше планирано да се обноват не толку долги 470 метри од двете страни на коловозот. Меѓутоа, работите и на неа, како и на другите две улици се одвиваат споро, споро… 

А најверојатно брзо ќе се започне нова реконструкција, на некое друго место… па ќе има снимања, фотографирања, најави по медиумите…, и по тоа…

Какво време дојде да ти е страв да почнат реконструкција на улица.

Претходна вест158 санкции за брзо возење
Следна вестНикој од шестмината кандидати за јавни обвинители во ОЈО ГОКК не доби поддршка од Советот на јавните обвинители