Службена победа за Шкендија, суспендиран теренот на Шкупи

Шкендија доби службена победа од 3:0, а стадионот „Чаир“ е суспендиран за натпреварите на Шкупи. Ова е одлуката на Комисијата за натпреварување на ФФМ по вчерашниот инцидент и прекинат натпревар на стадионот „Чаир“.

Целиот случај сега е предаден на дисциплинската комисија, која ќе решава за казната што ќе ја добие актуелниот шампион.

„На вонредна седница по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи – Шкендија од четврт-финалето од Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на ФК Шкендија службено со 3-0 да го добие натпреварот со ФК Шкупи.

Теренот на ФК Шкупи, стадионот ‘Чаир’, се суспендира за одигрување првенствени и куп-натпревари. ФК Шкупи се предава на дисциплинска комисија на ФФМ.

ФК Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот ‘Чаир’ во Скопје“, се вели во одлуката на ФФМ.

Претходна вестМу треба ли на Скопје комунална полиција кога веќе има комунални редари?
Следна вестУапсен 25 годишник од Тетово баран со потерница