Уапсен 25 годишник од Тетово баран со потерница

На 09.11.2022 околу 17.00 часот на улица „Вера Циривири-Трена“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, со судска наредба, го лишиле од слобода 25-годишниот тетовец С.И. за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Претходна вестСлужбена победа за Шкендија, суспендиран теренот на Шкупи
Следна вестКатедра за македонски јазик и лекторат на Универзитетот во Анкара