Деца ограбиле деца со нож во центарот на Скопје, полицијата ги фатила

Приведени четворица малолетници од Скопје. Полицијата го сторила тоа бидејќи малолетниците се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.

Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПреку волонтирање стануваме најдобрата верзија од самите себе
Следна вестВо просторијата каде требало да заседава полската влада биле пронајдени уреди за прислушување