Темен режим Режим на светлина

Во просторијата каде требало да заседава полската влада биле пронајдени уреди за прислушување

Полските безбедносни служби пронајдоа и демонтираа уреди за прислушување во просторијата во која денеска треба да се состане министерскиот совет, изјави портпаролот на координаторот на специјалните служби.

-Службата за државна заштита, во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност, откри и демонтира уреди што може да се користат за прислушување во просторијата во која денеска треба да се одржи состанокот на Советот на министрите, напиша Јацек Добржински на социјалната мрежа „Икс“, пренесува Макфакс.

Вчера, владата соопшти дека истражува дали полски судија, кој имал пристап до доверливи информации и барал политички азил во Белорусија, шпионирал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес

Деца ограбиле деца со нож во центарот на Скопје, полицијата ги фатила

Следна објава

Сашко Кедев се искачи и на Макалу, петтиот највисок врв во светот