Многу отровната риба уловена во Хрватска: Нејзиниот отров може да убие 30 луѓе

Во близина на хрватскиот остров Цеја, во заливот Медулин, фатена е сребрена-рига надуена риба (Lagocephalus sceleratus) која е многу отровна. Уловена е на длабочина од 19 метри по што е однесена во Центарот за истражување на морето во градот Ровињ.

Како што е наведено рибата содржи исклучително силен отров, тетродотоксин, кој може да предизвика сериозни здравствени проблеми и смрт при консумирање. Тетродотоксинот е најконцентриран во гонадите и црниот дроб, но го има и на кожата. Се верува дека доза од 1 до 2 милиграми е фатална.

-Овој вид има инвазивен карактер и е вклучен во т.н. лесепсијски мигранти, видови кои од Црвеното Море преку Суецкиот канал влегуваат во Средоземното Море. Изворно, овие риби живеат во тропските региони на Индискиот и Тихиот океан. Поради својата грабежливост и недостаток на природни непријатели, оваа риба негативно влијае на биолошката разновидност и претставува закана за риболовот, бидејќи ги оштетува рибарските мрежи за да дојде до уловот, растргнува мамки и јадици.

Некои видови имаат и боцки на кожата за да бидат уште помалку вкусни. Предатор кој ќе успее да ја зграби нема долго да ужива во уловот. Речиси сите надуени риби содржат тетродотоксин, многу силен невротоксин кој може да предизвика парализа на нервниот и респираторниот систем и да предизвика смрт.

За луѓето, тетродотоксинот е смртоносен, до 1200 пати поотровен од цијанидот. Во една единка има доволно отров да убие 30 возрасни лица, а не постои познат противотров.

Претходна вестОбвинителството издаде наредба за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани
Следна вестДвојно убиство во скопско Стајковци