Двојно убиство во скопско Стајковци

Попладнево во пукање во скопско Стајковци убиени се две лица, пишува Фокус.

Неофицијално, повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“ во центарот на Скопје, неофицијално потврдуваат од СВР Скопје.

Се уште не се познати причините за убиствата.

МВР се очекува да даде официјални информации за настанот.

Претходна вестМногу отровната риба уловена во Хрватска: Нејзиниот отров може да убие 30 луѓе
Следна вестБраво, Столе Димитриевски во тимот на колото во Примера