Браво, Столе Димитриевски во тимот на колото во Примера

Одличниот македонски голман Столе Димитриевски викендов имаше многу добри одбрани за својот клуб Рајо Ваљекано. Всушност тој успеа да ја сочува мрежата и против Валенсија во меч кој заврши 0-0.

Македонскиот репрезентативец според „WhoScored.com“ имаше оценка осум и со тоа си најде место во идеалниот тимот на 35. коло во силната Примера.

Oва не е негово прво влегување сезонава во идеалните 11 играчи на колото. Поради сето тоа тој се повеќе го привлекува вниманието на силни клубови кои би го ангажирале во иднина.

Претходна вестДвојно убиство во скопско Стајковци
Следна вестВремето денес променливо облачно со повремен дожд