Бизарна сцена на лет за Сплит, патник се обидел да упадне кај пилотот, па се заклучил во тоалет

Еден од патниците на летот на Norwegian Air (DY) меѓу Осло и Сплит се обидел да упадне во пилотската кабина на авионот.

Кога видел дека вратата од пилотската кабина е речиси невозможно да се отвори со „брутална сила“, се заклучил во тоалетот каде што подоцна бил приведен од норвешката полиција.

Инцидентот се случил вчера на летот DY1990 на Norwegian Air помеѓу Осло (OSL) и Сплит (SPU). Дваесет и тригодишен хрватски државјанин се обидел насилно да упадне во пилотската кабина на авионот, непосредно пред полетувањето за Сплит.

По неуспешниот упад, проблематичниот патник се заклучил во тоалетот во задниот дел на авионот, објави Слободна Далмација.

Поради вонредната ситуација во кабината, екипажот на Боинг 737-800 (LN-NIE) се откажал од движење до пистата и го паркира леталото.

На помош била повикана аеродромската полиција која го привела заклучениот во тоалетот. Според сведочењето на други лица на летот DY1990, тројца полицајци влегле во леталото и со лисици на рацете го извадиле патникот од авионот.

Според медиумите, тој наводно не бил во алкохолизирана состојба, а засега не се познати мотивите за таквиот чин.

Поради инцидентот, летот DY1990 за Сплит бил одложен. Наместо во 08:40, Боингот 737 од Осло слетал на сплитскиот аеродром во 10:45 часот, а Norwegian Air им се извини на патниците за доцнењето.

Претходна вестВасил Гогов уште две сезони на голот на Вардар
Следна вестСДСМ ќе бира претседател на 30 јуни