Васил Гогов уште две сезони на голот на Вардар

Голманот Васил Гогов уште две сезони, до јуни 2026 година, ќе го носи дресот на Ракометнот клуб (РК) Вардар 1961. Гогов од 2019 година е дел од Вардар, секоја сезона се повеќе напредува и се наметнува со својот квалитет, па клупскиот менаџмент верува дека тој ќе биде „факторот Х“ во иднина и ќе биде уште подобар.

Гогов има искуство од играње во Лигата на шампиони (ЛШ) и во СЕХА лигата. Со Вардар ја освојуваше титулата во домашното првенство, беше победник во Купот и на Супер купот на Македонија.

–Гогов е голман кој е иднината на македонскиот ракомет, и тој допрва ќе блеска. Вардар е задоволен од неговото напредување и убеден сме во уште подобри игри во иднина.

Тој беше дел од голманскиот тим каде што можеше да научи и да „украде“ од поискусните и време е да добие поголема минутажа во иднина. Вардар секогаш е место каде што ќе има шанса за докажување и за напредување, вели Борко Ристовски, извршниот директор на Вардар.

На едно коло до крај на првенството, Вардар е во игра за шампионската титула, но не зависи се’ од него, туку ќе мора да ги чека резултати од ривалите што би му оделе во корист.

Претходна вестСилјановска – Давкова: Сите кои биле во Грција можат да видат дека токму името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале
Следна вестБизарна сцена на лет за Сплит, патник се обидел да упадне кај пилотот, па се заклучил во тоалет