Вардар вечерва го одбележа јубилејот 75 години, Комити го прославија 35. роденден, вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје гостуваше Железничар како дел од двата родендена на Вардар и Комити.
Околу 13.000 навивачи на трибините на арената „Тодор Проески“ приредија спектакл, иако резултатот е во втор план, Вардар запиша победа со 2-0 против Железничар, обединети беа двата јубилеја „75 години ФК Вардар“ и 35 години од формирањето на навивачката група „Комити“.
Средбата заврши симболично во 87 минути, во знак на 1987 година кога беа формирани „Комитите“ и годината кога Вардар стигна до шампионската титула во тогашна Југославија.