Голема полициска акција се спроведува утринава во повеќе градови во државата. Според извори од полицијата при акцијата се вршат претреси на над 20 локации и има повеќе уапсени криминалци.
Мета на полицијата е организирана криминална група за шверц на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност. Од МВР само потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.