Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ги продолжува настапите во АБА-лигата, а следен предизвик ќе биде гостување во Хрватска, кај екипата на Задар.
Поранешниот тим на македонската легенда Тодор Гечевски е најпријатното изненадување оваа сезона. Тимот котира на високото второ место на табелата во АБА, а по вкупно десет одиграни кола тимот со скор 6-4 се наоѓа на шестата позиција. МЗТ е закован на последното место со две победи и тука ќе мора да атакува на полн плен, но ќе биде тешко.
Главна опасност за МЗТ ќе биде искусниот Лука Божиќ кој игра одлична сезона, исто така тука е и Дарио Дрежњак, а во хрватскиот тим игра и Хуан Дејвис кој од меч во меч бележи се подобри бројки и доминира на центарската позиција. Добра вест за Александар Петровиќ и „штрковите“ е што во овој меч влегуваат засилени со Дастин Вер кој дојде на плејмејкерската позиција.
Македонскиот претставник на овој терен во лигашки натпревар нема победа една деценија. Последен пат во Хрватска, МЗТ во регуларниот дел од АБА триумфира во 2012 година (68-76).