Направиле илегална веб платформа за кладење со 370 корисници, приведени две лица во тетовско

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (15.12.2022) околу 22.30 часот ги лишиле од слобода Д.С.(32) од тетовско Јанчиште и З.С.(38) од тетовско Подбреѓе, поради сомнение дека сториле кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца.

-Во акциска контрола реализирана вчера во два ВЛТ клубови во тетовско Раотинце и сeло Јанчиште, спроведена во содејство со Управата за јавни приходи, откриена е нелегална веб платформа со листа од 370 корисници. Двете лица се сомничат дека на оваа платформа креирале кориснички имиња и им ставале кредит за обложување, а корисниците за добиените кредити им плаќале во готовина. При контролата, од двете лица биле одземени предмети поврзани со делото, информираат од МВР.

Инаку, во акциската контрола во Раотинце и Јанчиште биле затекнати и три малолетни лица во просториите за игри на среќа, од кои едно како вработен. Д.С. и З.С. се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Претходна вестМЗТ на мегдан со Задар
Следна вестВработен во обложувалница земал пари од каса и ги давал на другар му да се коцка