Вработен во обложувалница земал пари од каса и ги давал на другар му да се коцка

МВР информира дека вчера во полициската станица Центар бил извршен службен разговор со М.С.(24) од Скопје.

– Тој се сомничи дека во обложувалница на улица „Народен фронт“, каде што е вработен, се послужил со пари коишто му биле доверени и му ги дал на лицето З.К. од Скопје. Во разговорот тој го признал делото и дека во повеќе наврати му дал вкупно 650.000 денари да ги користи за игра на апаратите во обложувалницата, стои во полицискиот билтен.

За случајот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестНаправиле илегална веб платформа за кладење со 370 корисници, приведени две лица во тетовско
Следна вестАпелација му ја укина пресудата од 12 години на Сашо Мијалков за масовното прислушување во „Таргет – Тврдина“