Усвоени 38 приговори за заштита на личното избирачко право

Изборниот ден во Македонија помина во својата втората половина. До 15 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 2.110 избирачки места.

Од вкупно запишаните 1.092.341 гласач на овие избирачки места, гласале 392.066, односно 35,89 проценти.

Според податоците што се пристигнати до сега, најголем одѕив е забележан во Новаци со 57,69 %, додека најмал во Центар Жупа, 13,11 %.

Гласањето до сега се одвива мирно на сите избирачки места.

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив, 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговор се отфрлени како неуредни, а 22 се одбиени. Другите приговори се во обработка, пренесува Макфакс.

Претходна вестСкопје: Излезноста до 15 часот во Карпош и Центар над 45%, близу е и Аеродром, Кисела Вода…
Следна вестПет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати