Скопје: Излезноста до 15 часот во Карпош и Центар над 45%, близу е и Аеродром, Кисела Вода…

Во Македонија денеска се избира претседател на државата. Според укажувањата од надлежните органи изборите течат без посериозни проблеми.

Од обработените податоци што го прави ДИК излезноста на гласање до 15:00 часот во земјава изнесува 34,79% од гласачите. Објавените податоци на интернет страница на Државната изборна комисија покажуваат дека најголема излезност на гласачи има во Новаци (57,69%).

Во главниот град, Скопје, најголем одѕив како и во 13 часот има во општина Карпош (45,24%). Слична излезност има и во Центар (45,22%), Аеродром (44,51%), Кисела Вода (44,24%) и Ѓорче Петров со (44,12%).

Најмала излезност на изборите до 13 часот во скопските општини има во Шуто Оризари (22,22%) и Сарај (32,07%).

Во објавеното нема податоци за општина Чаир. Во овој дел од Скопје до 13 часот излезноста беше (20,50%).

Претходна вестОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери
Следна вестУсвоени 38 приговори за заштита на личното избирачко право