Тешка сообраќајка на патот М.Каменица – Виница: Загина возачот, сопатник тешко повреден

Едно лице загина во сообраќајна незгода што се случи вчера на на патот Македонска Каменица – Виница, информира полицијата.

МВР соопшти дека на 08.05.2024 во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот.

-На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Претходна вестБајден: Ако Израел изврши инвазија на Рафа нема да го снабдам со одредено оружје
Следна вестНе запираат оставките во СДСМ: Јованка Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени