Вчера попладне во 15.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 57-годишниот Б.Т. од Охрид, извести МВР.
– Тој бил затекнат на улицата „Јане Сандански“ во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Охрид, и да изврши кражба, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.