Земјотрес во Албанија предизвика вознемиреност и во дебарско

Земјотрес од 5,2 степени според Рихтер синоќа околу 22.30 часот ја погоди околијата Пешкопеја во Албанија предизвикувајќи вознемиеност и во дебарскиот крај. Според првичните сознанија нема потешки последици а почвата почнача да се смирува.

– Нема место за паника поради двата потреса што се почувствуваа синоќа. Последните два дена во областа Клос имаше серија помали потреси и се чини дека синоќешниот од 5,2 степена беше главниот потрес, по што следува смирување на тлото, изјави албанскиот сеизмолог Рапо Ормени за „Њуз 24“.

Тој рече дека ова е сеизмички активно подрачје, но е „зона со земјотреси со помала јачина”.

Вознемиреност на граѓаните се случи и на подрачјето на Дебар во Македонија чиишто жители го почуствуваа земјотресот.

Според албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши, нема информации за човечки жртви освен за оштетени постари објекти во административната единица Џибер, кај Клос.

Претходна вестАвтомобил се запали и изгоре во центарот на Скопје, во близина поминувала министерката Славјанка Петровска
Следна вест151 санкционирани возачи во Скопје, секој трет возел пребрзо