Ракометарите на Вардар в петок ги очекува нов предизвик во СЕХА. Тие ќе се сретнат против Татран Прешов во третиот меч од новата сезона во регионалното натпреварување. Вардарци загуби на првиот меч против Татран Прешов во Словачка, а тренерот Владо Недановски најавува многу поинакво издание на претстојниот дуел.
– Пред десет дена одигравме натпревар со истиот ривал. Таму имавме уморни и нови играчи кои не беа доволно воиграни. Мислам дека на овој натпревар ќе бидеме далеку подобри од настапот во Словачка. Имаме повредени играчи, Моралес влече повреда, но сега имаме и малку поголем ростер. Новите ракометари се наметнуваат на тренинзите, изјави Недановски.