Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензините со иста цена

Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

-Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалува за 2,50 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, се наведува во соопштението.

Од ноќеска на полноќ цената на моторен бензин ​​ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува​​​ 82,00 (денари/литар), на моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 84,00​ (денари/литар), а дизел гориво ​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В)​ -​ 76,00 (денари/литар).

Претходна вестТренерот на Вардар пред натпреварот со Татран: Сега ќе бидеме многу подобри
Следна вестНе го дочека лекот „трикафта“: Почина Благојче Илиевски најтешко болниот од цистична фиброза