Народниот правобранител прими 30 телефонски повици за повреда на избирачкото право

Има поплаки до Народниот правобранител околу изборниот процес. Имено, канцеларијата на Народниот правобранител примила 30 телефонски повици, а едно лице и лично се обратило до нив, јавува МРТ.

Најголемиот дел од поплаките или десетина забележуваат зошто биле прашани дали сакаат да гласаат за претседателски или за парламентарни избори. Неколку лица се јавиле и од старечките домови се пожалиле дека не можеле да го остварат своето избирачко право. Поплаки има и од вработени во приватниот сектор кои денес не биле ослободени од работните обврски.

Инаку, од канцеларијата на Народниот правобранител известуваа дека од 7 до 19 часот, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800-543-21 или лично во канцелариите во Скопје, Струмица, Кичево, Тетово, Битола, Штип и во Куманово.

Претходна вестИзлезноста до 13 часот за претседателски избори е 23,95% , за парламентарни 25,84
Следна вестИзлезноста до 15 часот за претседателски избори е 32,12% , за парламентарни 36,72