Излезноста до 13 часот за претседателски избори е 23,95% , за парламентарни 25,84

Изборниот ден во Македонија преминува во својата втора половина. До 13 часот како што соопштуваат од ДИК пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23.95 %.

Споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.7%.

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.28 %.

За парламентарните избори до 13 часот пристигнати се податоци за излезеност од 2348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25.84%.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48.65 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11.91 %.

Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 2.03 % на овие избори.

Најголема излезност има во првата изборна единица, а најмал во шестата.

Претходна вестСи и Вучиќ: Заедничкото челично пријателство на Кина и Србија
Следна вестНародниот правобранител прими 30 телефонски повици за повреда на избирачкото право