Си и Вучиќ: Заедничкото челично пријателство на Кина и Србија

Во соседна Србија од синоќа е кинескиот претседател Си Џинпинг. Првиот човек на Кина денеска пред Палатата Србија беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Заедничко челично пријателство“ меѓу Кина и Србија е главната порака која ја дадоа двајцата претседатели Си и Вучиќ. Тие најавија дека двете нивни држави ќе ја зголемат соработката.

-Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа денеска станува првата европска земја каде што ќе изградиме заедница со заедничка иднина, рече кинескиот претседател.

На вториот ден од посетата се очекува да бидат потпишани и околу 30 договори за соработка и комерцијални договори меѓу двете земји.

Инаку, пред палатата Србија, каде што се сретнаа Си и Вучиќ, кинескиот претседател беше пречекан од илјадници насобрани граѓани кои вееја кинески и српски знамиња.

Вучиќ му се заблагодарил на Си за неговата поддршка за територијалниот интегритет на Србија и за „бројните прашања на меѓународната сцена“. За српскиот претседател договорот за стратешко партнерство од 2016 година значително придонел за економскиот напредок и истакна дека три кинески компании – железарницата Хбис и рудниците за бакар и злато Зијин се најголеми извозници од Србија.

Претходна вестМВР: Изборниот ден тече мирно со регистрирани помали инциденти
Следна вестИзлезноста до 13 часот за претседателски избори е 23,95% , за парламентарни 25,84