Во Скопје најголема излезност на претседателските избори е во Карпош и Аеродром, а најмала во Сарај, Шуто Оризари, Чаир…

Граѓаните на Македонија денеска избираат претседател на државата и нов собраниски состав. Изборниот ден влегува во својата последна третина и се поочигледно е дека кај дел од населението не е иста заинтересираноста за гласање на парламентарните и на претседателските избори.

Според најновите податоци од ДИК излезноста до 15 часот на претседателските избори изнесува 32,12 отсто. Од друга страна, излезноста до 15 часот на парламентарните избори изнесува 36,72 отсто.

Ако подетално се погледнат последните податоци од ДИК се гледа дека и во разни општини во Скопје има различна заинтересираност за претседателските избори. Па така, до 15 часот во Карпош за претседател на Македонија гласале дури 45,91 процент од гласачите. Висок одѕив има и во Аеродром 44,98 проценти. Наспроти ова во Сарај за претседател гласале само 12,53 проценти од гласачите, во Шито Оризари 14,89, а во Чаир 20,04 проценти.

Претходна вестИзлезноста до 15 часот за претседателски избори е 32,12% , за парламентарни 36,72
Следна вестВо казино пуштил во оптек лажни евра: уапсен маж од кичевско