Со трактор прегазил и тешко повредил жена во Р’жаничино

Жена е повредена во сообраќајна незгода што се случила вчера во скопското село Р’жаничино, информира полицијата.

МВР соопшти дека на 07.05.2024 во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Р’жаничино скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с. Р’жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во информацијата.

 

Претходна вестДИК: Надминат е неопходниот цензус при изборот на претседател
Следна вестГласањето заврши, Македонија ќе добие претседател и нов парламентарен состав