Низ патиштата на Македонија, стана вообичаено да се вози пребрзо. МВР при спроведена акциска контрола, казни 209 лица за возење над дозволеното.
– Пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 88 надвор од населено место, велат од МВР.
Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.