И во Македонија одбележан денот на руската дипломатија. Имено денеска се одржа традиционална церемонија со положување цвеќе на споменикот „Рускиот крст” во Битола. Во церемонијата покрај делегацијата на Амбасадата предводена од Амбасадорот Сергеј Баздникин зедоа учество Амбасадорот на Кина Н.Е. Џанг Ѕуо, како и други гости од Македонија.
– Денес вработените во руските дипломатски претставништва ширум светот му оддаваат почит на споменот на нашите извонредни претходници. Меѓу нив е и рускиот императорски конзул Александар Ростовски, кој враќајќи се заедно со неговиот пријател Крсте Мисирков од манастирот „Св. Преображение господово“ бил убиен во Битола, во август 1903 година, рече Баздинкин.
Инаку, споменикот „Руски крст“ беше направен токму во чест на конзул Александар Ростковски, кој го дал својот живот, исполнувајќи ја својата службена должност. Тој како што се наведува во тогашното Османско царство го бранел христијанското население на Македонија.