Одлука да стапи во канонско единство и богослужбено општење со Македонска православна црква – Охридска архиепископија но не и да ја признае автокефалноста донела Грузиската православна црква. Одлуката била донесена завчера на работна седница одржана во Тифлида.
Во соопштението се наведува дека на седницата се разгледувало писмото на Српската православна црква.
-Во текот на работата на Синодот се разговараше за прашањето за Православната Црква на Македонија. Излагање имаше претседателот на Одделот за надворешни односи на Патријаршијата на Грузија, Високопреосвештениот Митрополитот на Зугдиди и Чаиси, Герасим (Шарашениѕе). Тој пред членовите на Синодот го презентираше писмото што ни го напиша поглаварот на Црквата на Србија, Сесветиот Патријарх Порфириј (Периќ), во кое се наведува дека „расколот е исцелен и се врати евхаристиската заедница со неговата православна црква во Северна Македонија“, и дека Патријархот на Србија ѝ го дал Томосот за автокефалност на наведената Црква. Автокефалноста на Црквата на Македонија, покрај Црквата на Србија, ја признаа и Црквите на Русија, на Бугарија, на Романија, на Чешка и Словачка, додека, пак Црквата на Константинопол, на Антиохија, на Грција и на Полска стапија во евхаристиско општење со неа без да ја признаат автокефалноста. Свештениот Синод одлучи: Црквата на Грузија да влезе во евхаристиско општење со Православната Црква во Северна Македонија, чијшто поглавар е Блаженејшиот Архиепископ Стефан (Велјановски), стои во одлуката на Гризиската патријаршија.
Излегува дека Грузиската православна црква одлучила да не го прифаќа томосот за автокефалност од Српската црква. Односно, дека таа решила на нашата црква да и се обраќа како на „Православна Црква на Северна Македонија“, при што не е наведено како ќе го ословува македонскиот архиепископ г.г. Стефан.