Уште еден странски функционер не потсети за Уставот, кој е следниот?

Македонија е навикната да добива лекции од странски дипломати и функционери. Ама и дипломатите се навикнаа дека во секоја прилика треба да и дадат некаква задача на Македонија.

Во последно време како на лента се редат странски функционери кои не потсетуваат дека треба да го смениме Уставот. На ова се приклучи и новоизбраната претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Таа порача дека „донесувањето на уставните измени е неопходен предуслов за Македонија да продолжи во следната фаза на процесот на евроинтеграции и затоа е потребно да се изгради внатрешен политички и меѓупартиски консензус“.

Уважената претседателка ова го кажала при средбата со македонскиот спикер Талат Џафери кој е во официјалната посета на Љубљана.

Кој странски функционер ќе биде следен што ќе ни каже што треба да сработиме засега е неизвесно.

Претходна вестШест нови силни земјотреси ја погодија Турција во веќе разурнатите области
Следна вестТФТ го победи Работнички, им следи дуел со МЗТ