Темно Режим Светло Режим

ТФТ го победи Работнички, им следи дуел со МЗТ

ТФТ Скопје, актуелниот шампион од Купот на Македонија издвои победа над Работнички со резултат 78:73 во последното четврт финале. Со оваа победа е се поблиску до одбраната на титулата.

ТФТ имаше и двоцифрена предност во првата четвртина, но Работнички успеа да се врати во второто полувреме и да поведе со 29:20. Израмнето беше и во третата четвртина, пред ТФТ да отвори предност од пет поени (63:58) на почетокот на четвртината, предност која потоа ја задржаа до крајот.

Следна пречка им се МЗТ Скопје Аеродром, клубот кој лани го совладаа за својот прв трофеј во историјата. Во второто полуфинале ќе се судрат Пелистер и Феникс 2010.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Уште еден странски функционер не потсети за Уставот, кој е следниот?

Следниот Пост

Светско православие или кривославие: Колку имиња ќе има МПЦ-ОА?