Нов силен земјотрес во Турција од 6.2 степени според Рихтеровата скала

Земјотрес со јачина од 6.2 степени според Рихтеровата скала го тресеше тлото на Турција. Според првичните информации, потресот е во јужниот дел на земјата, односно во областа Узунбаг.

Он лајн сервисите покажуваат дека бил на длабочина од 10 километри.

За ваков потрес имаше и предупредување во изминатите денови од светските сеизмолози.

Не се знае дали и овој земјотрес има предизвикано големи штети, со оглед на јачината.

Досега, по разорниот земјотрес, имаше шест потреси со над шест степени според Рихтеровата скала.

Претходна вестУтре без вода овие скопски улици
Следна вестАлбански тинејџер платил 9.000 фунти за сокриен во ковчег да влезе во Велика Британија