Приведен е жител на Чегране, ставил пари во пасошот за да помине граница

На 19.02.2023 во 08.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го привеле А.С.(64) од с .Чегране, Гостиварско.

На граничниот премин Блато, при пасошка контрола на влез во државата, во патна исправа ставил пари и се обидел да даде поткуп на полицискиот службеник.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Jавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестРесенчанка се обидела да прегази полицајци
Следна вестФЗОСРМ: Почна исплатата на платите на здравствените работници