На топ листата на Светската енциклопедија за традиционални јадења „Tejст атлас“ („Атласот на вкусот“), се наоѓа и македонскиот зелник. Македонската пита е меѓу првите 50 најдобри печива во светот.
Пред нас се босанскиот бурек и зељаница, хрватскиот бурек со сирење, грчката бугаца, турската баклава, „Газијантеп“ баклавата итн.
Имено, зелник е традиционална македонска пита која може да се наполни со разни состојки, како што се сирење, спанаќ, месо, праз… За да биде најдобар, зелникот треба да се премачка со путер и масло пред да се стави да се пече.
„Атласот на вкусот“ комбинира автентични рецепти, критики од познавачите на храна и истражувачки написи за популарни јадења и состојки, па на тој начин прави селекција кои педесет пекарски производи ќе се најдат на популарната листа на пецива.Просечната оценка за македонскиот зелникот е 4,4.