Животната приказна за Николај Иванов напишана од рускиот драматург Антон П. Чехов, ќе се игра наскоро на штиците на Македонскиот народен театар. Пробите и подготовките за новата претстава „Иванов“ чиј превод од руски јазик го направи Драгица Најческа се веќе во тек.
Адаптацијата на режијата ја изготви Зоја Бузалковски, а за сценографијата се задолжени Илина Ангеловска и Тодор Дајевски, за костимографијата Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Давид Ангелевски. Спортските качувања и движења се на Александар Зарапчиев, а физичките вежби и движења на Нина Деан.
Улогите ќе ги играат Благој Веселинов, Драгана Костадиновска, Оливер Митковски, Ѓорѓи Јолевски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Григор Јовановски, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Александар Михајловски, Николина Кујача, Ивица Димитријевиќ и Мартин Ѓоргоски.
Ова не е прва претстава од Чехов играна во МНТ, досега на сцената поставени се драмите Галеб” (1960, 1990 и 2018), „Три сестри” (1970), „Иванов” (1984), „Вишновата градина” (1997 и 2010), „Малиот човек” (2004) и „Вујко Вања” (2015).