Прилепчанец се шетал со граната на битолската улица Широк Сокак

Вчера во 09.45 часот на најпознатата битолска улица Широк Сокак, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола привеле 53-годишно лице од Прилеп, со живеалиште во Битола. Кај него била пронајдена и одземена артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

– Гранатата била предадена во Дирекцијата за заштиата и спасување за понатамошна постапка, се вели во полицискиот билтен на МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестУспешна трансплантација од жив донор, татко му го спаси животот на синот донирајќи белодробно крило
Следна вестЦената на лебот замрзната на 33 денари, Владата ја укина и повластената цена на струја за компаниите